Драги пивољупци!
Денес, 26 декември 2012 е голем ден за „Пивски стомак“ бидејќи се случуваат две убави нешта:
- Eдна година од стартувањето на блогот
- Досега, 198 (2x99) шишиња пиво на ѕидот
За оваа година, на блогот се поставени вкупно 232 објави, од кои 198 пива од авторот, 10тина гостински објави и останатите се обајви поврзани со светот на пивото (инфографици, постери, видео реклами и сл.). Се сликаше и пишуваше за пиво со потекло од повеќе од 20 држави, речиси од сите континенти, категоризирани во повеќе од 10 типови на пиво, што беше причина преку 30 тумблераши да кликнат „Follow“ на блогот.
Морам да упатам голема благодарност до другите пивопии кои споделија свои искуства во форма на гостински пост (@popmisa @FlavrSavr @toni_dimitroff @alexhris @misos @therealpsmst), до оние кои ми донесоа пиво од туѓина (@sklek @ieli @razvigor @bjasari @al_iv @insajt @popmisa @misos @Vanja @Ana), до оние кои редовно споделуваа со мене интересни содржини поврзани со пиво (@malaovca @KriglaPivo) и посебна благодарност до @dasaf кој самоиницијативно го креираше преубавото лого на блогот „Пивски стомак“.
Овој јубилеј го посветувам на гореспоменатите пријатели и на сите оние со кои пиев пиво и поминував кавлитетни моменти во текот на изминатата година.
На здравје!

