Karlens Classic - данско виена пиво. Своевремено го произведувале Карлсберг, а сега се точи за Лидл маркетите. Ова е прво црвено пиво кое се произведува за ланец маркети, што е чудно, особено што овој тип на пиво не е многу популарен/комерцијален. Генерално имаше пријатен вкус, што ако се земе цената предвид, е многу ОК секојдневно пивце.
Златен Даб (Zlaten Dab) во ново пакување, сменет дизајн на амбалажа, шише кое лесно се отвoра, стар познат вкус. Пакетчево го добив на врата (содржи 3 пива и една чаша) и е едно пријатно изненадување. Благодарност за дечките кои решија директно да не испочитуваат нас, пивопиите.
За амбалажата би рекол дека е направен голем чекор напред, новото шише е многу попривлечно (втората слика е пред ребрендирање). Кафената боја е заменета со зелена, лежи во рака, не изнудува отворач, во тек е со големите пивари.
За комбинацијата зелено-црна боја која доминира на етикетата, кога лично би бирал, би одел со златно-црна комбинација. Сличичката од дабот би го потенцирал повеќе, односно наместо да се намали, би го зголемил, да доминира.
За вкусот, мене дабот ми се допаѓа и сум среќен што ова ребрендирање не вклучува и промена на рецептот по кој се произведува, но би бил пресреќен доколу видам и други типови (особено темно пиво) од оваа пивара.
Сé на сé, сакам промени, сакам ребрендирање, го поздравувам овој потег на Прилепска пивара, им посакувам успех и развој што ќе вроди со збогатување на пивски продукти на наш пазар.
Falcon Lager 2.8% - Фалкон е најпознатото шведско пиво, кое буквално го има насекаде. Немаше да го купам да не беше единственото ладно пиво кое можеше да се купи во маркет. Едноставно овие процентите алкохол бодат очи. Пивото има убав горчлив вкус, но делува како да е разредено со вода, не би го пиел поврторно, нема поента..
Norrlands Guld 3.5% - пред да ги поставам пивата што ги пробав во Шведска, да кажам една приказна. Пред извесен прериод, според статистика, во Шведска се пиело еден литар жесток алкохол неделно по жител. Загрижени од овие бројки, вовеле нов закон според кој во маркетите и слични продавници е забрането да се продаваат пијалоци со над 3.5% алкохол. Истото важи и за пивото, па сите брендови кои пласираат свое пиво имаат специјални верзии каде се сретнува 3.5%, 2.8% или 1.5% алкохолно пиво. Ова пиво е едно од позастапените кое е прав претставник на типично шведско пиво. Доволно горко на вкус, доста воденесто со умеренa карбонизација.
Jagodinsko Pivo - ова пиво од Србија го имав пиено пред многу години и во сеќавање ми беше останато како многу лошо пиво. Сега после толку време повторно го пиев, но овојпат со поинакво доживување. Според нив, „Jedino pivo u Srbiji koje se proizvodi po starom tehnološkom postupku, sa retko dobrom vodom“ што ја зголемува импресијата. На крај би кажал само - добар пилс!